moving #library

пред неколку години имаше некоја идеја да се пушти низ струмица движечка библиотека. прекрасна идеа, сеуште нереализирана.

сепак, го видов овој супер high-tech bus и ми падна криво што никој во градот не ги слуша идеите кои се навистина добри.

нови книги, нови автори, по нешто музика, неколку различни постери од најразлични настани поврзани со литературата. по порачка стојат и по неколку саати пред некои училишта.

системот е ист како во библиотека, овде можеш и да си ја купиш книгата. ако е позајмена тогаш ја враќаш следниот пат кога ќе поминат низ твојата улица.

овој mediaBus е извонреден. 130 000 евра само за возилото и неговата адаптација во простор адекватен за оваа дејност. посебна електронска врата за луѓето со посебни потреби. мало катче за читање, пуно равтови и организатор/ сопственик што знае што е добра книга. патем најновиот роман на уелбек само кај него може да се најде, на другите места веќе од поодамна првата едиција е распродадена.

и струмица еден ден можеби ќе има еден ваков минибус, само луѓето да сакаат да ја задржат книгата во hard copy, ако продолжиме со smart технологиите нема да имаме некоја голема корист..но ги има уште такви што додека читаат ја вдишуваат и миризбата на книгите.

moving library
flying books

mind on the high-way!